Саркози: Ќеркичката ќе се вика Џулија :)

21 октомври, 20110
105960

Францускиот претседател и неговата сопруга Карла Бруни, своето новороденче го крстиле Џулија, открила првата дама на Франција. Бебето било родено во луксузната клиника во Париз  “La Miet” , а Саркози нејзиното раѓање го опишал како „длабока, интимна радост“, пренела AFP.

„Многу сум трогната од честитките кои ги добивам по повод раѓањето на нашата ќерка Џулија“, изјавила Карла Бруни. Тоа е нејзиното прво дете со Саркози и прв пат во модерната историја на Франција, еден претседател за време на неговиот мандат да добие дете.

Францускиот претседател има три сина од двата предходни бракови, а неговата сопруга еден син.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *