Интересни стилови за бизнис елеганција

21 октомври, 20110
biznis eleganija

За да оставите позитивен впечаток во вашето бизнис опкружување, освен ведриот дух и добрите манири, многу е значаен и стилот на облекување.

Модните дизајнери се повеќе обрнуваат внимание на модерниот изглед на бизнис жените. Иако во деловниот свет постојат најмногу рестрикции кога станува збор за модата, дизајнерите нудат и модерни и необични комбинации за оние со храбар и препознатлив стил.

Оваа сезона за бизни облека дизајнерите советуваат фустани наместо панталони. Со кроеви до колена или до средина на листовите, во стилот на седумдесетите години на минатиот век. Ваш избор може да видат и моделите пресечени под градите, со ситни набори, но и оние потесните, кои ја следат линијата на телото. Кога станува збор за бојата, за есен и зима се препорачуваат кафена, сива, црна бела, со нијанси на портокалово, виолетово и жолто.

Оваа сезона се гит и широките пантолони со рамен крој, ретро моделите со широки ногавици, но и оние со висок струк. Во зависност од моделот кој ќе го изберете, може да ги носите со кошула, туника или блуза.

Сакото спаѓа во листата на безвременски модни креации, особено во бизнис светот. За оваа сезона се карактеристички остри кроеви и рамни линии кои целокупниот изглед го прават уште посилен. Актуелни се сакоа во стилот на осумдесетите, кои може да ги носите со пантолони, сукња или пак фустан.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi