Фатени двајца исламисти, планирале терористички напад во Њујорк

13 мај, 20110
New York City
Двајца северноафриканци, кои живеел ево САД, биле успени бидејќи планирале да извршат терористички напад врз Синагога во Њујорк, објави АП, повикувајќи се на информација на локалните власти, пренесува Нетпрес.
Алжирецот Ахмед Ферхани (26) и дваесетгодишниот Мароканец, Мохамед Мамдух, кој има и американско државјанство, биле уапсени во средата, откако купиле три пиштоли, муниција и една рачна бомба, од прикриен агент на американските безбедносни служби. Тие биле приведени по седуммесечна операција против нив. Ферхани планирал напад не само врз најголемата Синагога во Менхетн, туку и врз облакодерот синоним за Њујорк, “Емпајер Стејт Билдинг“.
Вчера против двајцата биле покренати обвиненија, а ако бидат прогласени за виновни можно е судот да им изрече доживотна затвроска казна. Њујоршката полиција во меѓувреме, го зголемила степенот на терористичка опасност, по убиството на водачот на Ал Каеда, Осама бин Ладен.
Локалните њујоршки власти соопштиле дека апсењето на Ферхани и на Мамдух е 13-ти случај на спречување на исламисти во извршување на терористички напади во Њујорк по 11 септември, 2001 година.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi