Зошто Microsoft го купи Skype?

13 мај, 20110
17287752264dcbed3dc11c0502051937_orig

Microsoft плати висока цена за Skype, поточно 8.5 милијарди долари, но едноставно ова било работа која Microsoft едноставно морал да ја направи. На крајот, неколку милијарди повеќе над реалното, не е н ишто во споредба со приходите кои Microsoft ќе ги направи на долг рок.

Светот на технологијата дава пет причини зошто Microsoft го купи Skype

Соработка

Најочигледната причина за Microsoft за овој потег е поврзувањето. Microsoft Lync (некогаш комуникациски сервер) ги поврзува компјутерите на PBX и нуди опција на VoIP повици, чатување и видеоконференции Lync Online нуди слични услуги. Skype, од друга страна пак има слична латка наречена Skype Connect. Купување на Skype ќе им помогне на “Мајкрософт” да направат големи добивки во овој сегмент, а со тоа да го успори, ако не и го запре натамошниот пробив на

Google и Apple.

Зајакнување на Bing

Се очекува дека “Мајкрософт” ќе го користат Skype за зајакнување на Бинг. Се проценува дека преку Skype има повеќе од 660 милиони корисници во светот, а170 милиони активни корисници  секој месец. “Мајкрософт” сигурно ќе се најдат начини да ги привлече овие корисници да почнат да го користат Бинг.

Windows Phone 7 платформата

И покрај огромните напори, Windows Phone 7 немаше успешен стар, како што многумина го најавуваа. Интеграцијата со Скајп во Windows Phone 7, наместо обична апликација како што има на Андроид и iOS платформите, може да обезбеди на WP7 платформата можности кои нема да ги има ни Андроид ни iOS.

Skype подалеку од Google

Microsoft го купи Skype, не само за сопствена корист, туку и да го задржи надвор од рацете на конкуренцијата.

Поголема популарност на Microsoft брендот

Последната причина е се разбира кревање на рејтингот на Мајкрософт брендот. Бидејќи оваа компанија губи на полетето на иновации, во споредба со Google и Apple.

Едно неодамнешно истражување покажа дека Apple е највредниот бренд во светот, со 153 милијарди долари, додека Microsoft се најде на петото место на оваа листа со 78 милијарди долари.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi