На Британските тинејџери, денес им се побитни друштвените мрежи Фејсбук и Твитер од читање на книгите на Дикенс, Шекспир и Китс, покажаа резултатите што ја спроведе британската Национална Агенција за писменост.
Анкетата, со која беа опфатени 18 141 дете на возраст од осум до 17 години, покажа дека вон училишните лектири, една книга месечно читаат помалку од половина британски адолесценти.
Нивното интересирање за пишани реченици се сведува воглавно на испраќање пораки, мејлови и дружење на Твитер и Фејсбук, пренесува Ројтерс. Поголемите ученици почесто од помалите знаат да признаат дека не прочитале ни една книга во минатиот месец.
Овој тренд, според мислењето на стручни лица би можело да има сериозни последици. Со оглед на тоа дека постојат показатели кои сугерираат дека на фрекфенцијата на читање директно влијае на успехот. Мора да се најде нов пристап кон тинејџерите, кој ке ги охрабри да читаат повеќе.