Сушено и зелено ќе ви ги спасат цревата

26 август, 20110
0798007.48

Внесувањето на готвен зеленчук барем еднаш на ден, го смалува ризикот за настанување полипа, а со тоа и рак на цревата за 24 %. Сушеното овошје три пати на ден исто така го смалува ризикот за 26 %.

Внесувајте мешунки, зеленчук, сушено овошје и кафеав ориз, со тоа ќе го намалите ризикот од цревни полипи, објавено е во списанието Исхрана и Рак. Рак на цревата е трета најчеста форма на рак кај мажите и жените.

Конзумирање на мешунки најмалку три пати во денот и кафеав ориз еднаш неделно го намалува ризикот од цревна полипа за 33 до 40 %. И готвениот зеленчук и сушено овошје истотака придонесува за подобра заштита, пред се со високата содржина на диетални влакна за кои се знае дека имаат антикарциноген ефект.

Во текот на истражувањето, анализирани се податоци за навиките во исхраната на 2818 испитаници над 26 години, и во тој период во 441 испитаници се најдени цревни или ректални полипи. Резултатите покажуваат дека внесувањето на готвен зеленчук варен еднаш дневно или повеќе го смалува ризикот за 24%  настанување на полипа, во споредба кога храната се внесува најмалку 5 пати неделно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma