Фејсбук поддршка за Гадафи од Србија и Црна Гора

23 март, 20110
facebook login
Оделни корисници на социјалната мрежа Фејсбук во Србија и Црна Гора му пружале поддршка на либискиот лидер Моамер Гадафи во две одвоени групи, кои бројат околу 37.800 членови, објави “Бета“, пренесува Нетпрес.
Членовите на групата “Поддршка за Моамер Гадафи од народот од Србија“, која во моментов брои околу 36.000 членови, секојдневно ги пренесува и коментира вестите за состојбата во Либија, а нејзините членови веќе организирале и собир за поддршка на Гадафи во Белград. Собирот бил оддржан во неделата.
Црногорската група “Гадафи брате, Црна Гора е со тебе“, брои повеќе од 1.800 членови, а поддржувачите на либискиот лидер на страницата на групата напишале “Издржи генерале“ и “Не давај демонкратија да ти влезе во куќата“. Членовите на црногорската група, исто така, секојдневно ги пренесуваат вестите објавени од светските агенции за меѓународната воена интервенција во Либија, која почна во саботата.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi