Фељтон: Принцови на столетието, “Lamborghini” 5-дел

popara8 јули, 20111min00
0

Lamborghini од 1978 до 1993 годинa


Како минувале годините, ситуацијата во Lamborghini станувала се потешка и потешка. Во 1978 година компанијата влегла во стечај, и била преземена од страна на италијанските судови. Во 1980 година браќата Mimran (Jean-Claude и Patrick),  бизнисмени од Швајцарија биле назначени за администратори на компанијата додека била во стечај. Под нивно водство фабриката повторно проработела и веднаш се фатиле за работа. Моделот  Silhouette бил преработен во нов модел под името Jalpa со 3,5 литарски V8 мотор модифициран од страна на Giulio Alfieri. Подоцна се произведува и моделот Silhouette кој во САД го заменува моделот LP500 кој бил стопиран во 1982 година. Во 1984 година компанијата веќе била во потполно водство од страна на браќата Mimran кои инвестирале додатни средства во компанијата и создале нов инженерски тим кој веднаш започанал со интензивна работа.

Резултатите на новите газди биле видливи веднаш, Во 1984 година бил создаден моделот Countach “Quattrovalvole”, со јачина на мотор од 455 КС. Во 1986 година го произведуваат и моделот Lamborghini LM002 sport. Јасната визија на браќата Mimran за тоа како треба да изгледаат моделите во иднина и нивната голема посветеност била оправдана со моделот Lamborghini Countach Evoluzione, прототип на супер автомобил кој бил изработен од карбон-фибер. Моделот на медиумите бил прикажан во 1986 година за време на неговото тестирање.  И покрај залагањата и успесите на браќата Mimran компанијата се уште имала финансиски тешкотии со што биле приморани да побараат нов стабилен финансиски партнер. Тие се сретнале со претставниците на познатиот американски произведувач на автомобили Chrysler Corporation.

Во Април 1987 година, Chrysler ја презема компанијата на чело со извршниот директорот Lee Iacocca, кој на браќата Mimran им ислатил 33 милиони долари.
Lee Iacocca со превземање на компанијата поставил свој борд на директори во Lamborghini, но и задржал на позиција директори од старата гарнитура како, Alfieri, Marmiroli, Venturelli и Ceccarani.

Првата цел на Chrysler била да направи конкурентен автомобил на моделот Ferrari 328 во 1991 година, но исто така сакале да направат мотор кој ќе може да се користи и за американскиот пазар. Следната цел била да се направи мотор кој ќе биде моќен и ќе ја покрене програмата за воведување на Lamborghini во мото- трките. Тимот кој бил задолжен за производство на соодветен мотор за авто-трки бил преселен во Модена, и бил одобрен буџет од 5 милиони долари за старт на проектот.
Во исто време, компанијата Lamborghini работи на наследникот на Countach, моделот Lamborghini Diablo. Оригиналниот дизајн на автомобилот бил направен од страна на Marcello Gandini, но директорите во Chrysler  не биле задоволни од првиот дизајн на автомобилот и ангажирале нов тим на дизајнери кои го доработиле моделот на Gandini.

Во април 1988 година, моделот Genesis ќе биде заменет со моделот Jalpa, кој ќе го поплни празниот простор додека се појави конечниот модел на Diablo.
На 21 јануари 1990 година во Hotel de Paris во Monte Carlo, конечно бил претставен на јавноста моделот Diablo. Lamborghini Diablo во тоа време бил најбрзиот автомобил кој некогаш бил произведен, со што компанијата со овој модел веќе почнала да бележи профит.

Но среќата ќе трае кратко, веќе во 1992 година цената од 239,000 долари била многу скапа за ентузијастите на американскиот пазар со што компанијата одлучила повеќе да не се произведува моделот бидјќи не можел да ги оправда инвестициите.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag