Фергусон го одреди стартниот тим за финалето на “Вембли”

popara26 мај, 20111min00
sir-alex-ferguson_0

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон веќе ги одреди почетните 11-мина кои ќе и се спротивстават на Барселона во саботното финале во Лигата на Шампиони, пренесуваат англиските медиуми. Искусниот шкотски стратег, според наводите на ‘Сан’ на теренот на “Вембли” ќе го изведе истиот тим како и во првиот полуфинален натпревар, кој буквално го размонтира Шалке во Гелзенкирхен, иако беше само 2:0 за “црвените ѓаволи”. По тој меч Фергусон изјави дека неговиот тим го одиграл еден од најдобрите натпревари во историјата на клубот. Тоа значи дека за Јунајтед ќе започнат Ван дер Сар, Фабио, Евра, Видиќ, Фердинанд, Карик, Гигс, Парк, Валенсија, Руни и Ернандез. Финалето на Лигата на шампиони на програмата е во сабота 28-ми мај од 20:45 часот на “Вембли” во Лондон.

Извор: Спортнет

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma