Зидан кандидат да го наследи Валдано
26 мај, 20110

Според информациите на шпанските медиуми наследник на Хорхе Валдано на местото спортски директор на Реал Мадрид ќе биде биде Зинедин Зидан, некогаш најдобриот фудбалер на светот. Зидан до сега ја имаше функцијата советник на претседателот на клубот.
Претходно се шпекулираше дека најблизу до функцијата спортски директор е Фернандо Јеро, поранешниот капитен на Реал кој моментално ја врши истата работа во Фудбалскиот сојуз на Шпанија.