Серија на торнада во САД однесоа 140 животи

26 мај, 20110
tornado_and_lighting
Во серијата на торнада, кои се случија во градот Џоплин, загинале 125 луѓе, а во во другите земји кои што се нашле на удар на торнадата, животот го загубиле 15 лица, соопштија властите во Америка.
И вчера спасувачките екипи со кучиња ги пребарувале погодените области но и покрај пребарувањата по рушевините, досега не се пронајдени знаци на живот, а властите кажуваат дека се помали шансите да има преживеани лица.
Во најкрвавото торнадо во САД, во последните 64 години, биле повредени повеќе од 900 лица, изјавува “Ројтерс“, пренесува Нетпрес.
Во вторникот вечерта, уште еден бран торнада ги погоди околните држави во централниот дел на САД и  однесе 15 жртви.
Девет лица загинаа во Оклахома, четири во Арканзас и две во Канзас, соопштија надлежните.
Според Националната метереолошка служба во Оклахома, во едно од седумте торнада, загинале седум лица, а по улиците бил направен пустош во должина од 120 километри.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi