Родители го нападнале и ставиле во багаж момчето на нивната малолетна ќерка

26 мај, 20110
mvr-stip-policija

Брачен пар од Гостивар заедно со нивниот син го нападнале триесет и едногодишниот М.Б а потоа го ставиле повредениот во багажникот од нивниот автомобил, бидејќи се забавувал со нивната малолетна ќерка.
Имено, брачниот пар и нивниот 24 годишен син дошле на отпадот на старо железо “Суљо“ каде го нападнале М.Б кој работел на отпадот и потоа го ставиле во багажник и се упатиле кон полициската станица, но биле пресретнати од полициски службеници и приведени.
Од извршените разговори со сторителите е констатирано дека причина за нападот е љубовна врска помеѓу М.Б. и нивната малолетна ќерка.
Полицијата презема мерки за расчистување и документирање на случајот.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi