Уапсен е Ратко Младиќ

popara26 мај, 20111min00
ratko20mladic133
Српската полиција го уапсила Милорад Комадиќ, од кого земале примерок и го дале на анализа при што се верува дека станува збор за Ратко Младиќ, пишува “24часа“, пренесува НетПрес.
Се соопштува дека е уапсен постар маж и тоа преку анонимна пријава. Наводно полицијата била информирана дека поседува документи со ознаки на Ратко Младиќ. Во акцијата било вклучено и специјалното обвинителство.
Специјалната српска единица во тајна операција пред неколку часа на територијата на Србија го уапсила Милорад Комадиќ, а во локалните медиуми се вели дека од полициски извори во Белград дознале дека можеби станува збор за Ратко Младиќ.
Комадиќ бил уапсен откако биле добиени информации дека е сличен на најбараниот српски командант.

По апсењето земале примерок од ДНК кој бил испратен на анализа.

Извор: Нетпрес

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma