Скопјанец го хакирал сајтот на Министерството за правда и штрајкува со глад

26 мај, 20110
hakeri-kompjuterima-francuskog-ministarstva-finansija-slika-6792

Во обид да му се чуе гласот против, како што вели тој, неправдата, опресијата и невработеноста, 37-годишниот скопјанец Ивица Георгиевски ја хакирал интернет страната на Министерството за правда.
Тој вели дека веќе 10 дена штрајкува со глад против невработеноста и актуелната политичка состојба во земјава.
“Доколку не ги добијам моите основни човечки права за скромен достоинствен човечки живот, мојот присилен штрајк со глад, наскоро ќе проследи со смрт“, изјави Георгиевски за Нетпрес.

Тој наведува дека веќе подолг период барал работа како информатичар, но институциите и останатите компании останале глуви на неговите барања.
Георгиевски пред одреден период побарал помош за неговата ситуација од Министерството за правда, но тие не му одговориле.
“Предупредувам! Македонија би можело да ја погоди информатичко цунами, се’ би се уништило, интернет, мрежи, комуникации… Доколку мојата смрт биде вака присилна и неправедна и доколку надвладеат негативните чувства“, вели Георгиевски.
Георгиевски за неговата ситуација има формирано и група на социјалната мрежа “Фејсбук“ – Штрајк со глад, каде објавил дека го срушил серверот на Министерството за правда во протест против неправда опресија и невработеност.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *