Фергусон: Судиите ќе му ја донесат титулата на Челзи

popara2 мај, 20111min00
alex-ferguson

Поразот од Арсенал тешко му падна на тренерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, кој во стилот на Жозе Мурињо обвини дека судиите носат одлуки во полза на Челзи.

Фергусон разви теорија на завера во која судиите секогаш го оштетуваат Јунајтед во големите натпревари, што му овозможи на Челзи да се врати во борбата за титулата. Челзи следниот викенд гостува на “Олд Трафорд” и може да се случи Челзи и Јунајтед да се израмнат по бројот на бодови на табелата, доколку “сините” слават победа.

Тренерот на Јунајтед смета дека тоа не би било случај доколку во 87. минута од мечот со Арсенал бил досуден чист пенал во полза на Јунајтед поради стартот на Гаел Клиши над Мајкл Овен.

“Челзи сега има големи шанси во целост да се врати во игра. Сите одлуки одат во нивна полза, нас тоа никогаш не ни се случува. Во саботата победија благодарение на двата нерегурални гола, а ние загубивме бидејќи не ни беше досуден чист пенал врз Овен. Во големите мечеви судиите не сакаат да го видат тоа што е очигледно кога сме ние во прашање.” – рекол Фергусон.

Искусниот стратег како да заборавил дека во првиот дел чист пенал не беше свирен за Арсенал по играњето со рака на Видиќ.

“Го видов и тој инцидент, но играњето со рака на Видиќ беше многу тешко да се забележи, единствено Ван Перси се бунеше. Кај стартот на Клиши нема дилеми, сите видовме чист пенал, тој ги крена рацете од очај. Ова е премногу важен меч за да се прават такви грешки. Сепак, навивачите ќе бидат подготвени за Челзи, како и ние, се сеќаваме што се случи минатата година на ‘Олд Трафорд’ и тоа нас малку не загрижува.” – рекол Фергусон.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag