Себастијан Ветел најбрз во Малезија

10 април, 20110
v

Актуелниот светски првак, Себастијан Ветел триумфираше и на втората трка од овогодинешниот Формула 1 шампионат, откако денеска суверено од првиот до последниот круг ја задржа лидерската позиција на трката за Големата награда на Малезија возена на стазата Сепанг. Покрај возачот на Ред Бул на победничкиот пиедестал завршија Џенсон Батон од Мекларен и пилотот на Рено Ник Хајдфелд. Бодови уште освоија Марк Вебер (Ред Бул), Фелипе Маса (Ферари), Фернандо Алонсо (Ферари), Луис Хамилтон (Мекларен), Камуи Кобајаши (Заубер), Михаел Шумахер (Мерцедес) и Пол ди Реста (Форс Индија).

Во генералниопт пласман кај возачите води младиот Германец со максимални 50 бода, а го следат Батон со 26, Хамилтон и Вебер со по 22, Алонсо освои 20, неговиот клупски колега Маса 16 поени, а пилотите на Рено Хајдфелд и Петров по 15. Кај конструкторите водечки е Ред Бул со 72 поени, а го следат Мекларен со 48, Ферари со 36 и Рено кој освои 30 бода.

Следната трка од шампионатот во Формула 1 на програмата е на 17. април, кога во Шангај ќе се вози за Големата награда на Кина.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma