Себастијан Фетел ја оствари шестата победа сезонава, откако триумфираше на трката за Големата награда на Европа во Валенсија.
Второто место го освои Фернандо Алонсо со нешто помалку од 11 секунди заостанување, додека трето пласиран беше Марк Вебер и покрај проблемите со менувачот.
Четвртото место му припадна на Луси Хамилтон, петопласиран беше Фелипе Маса, а шести Џенсон Батон.
Со овој триумф Фетел дополнително се зацврсти на табелата во генералниот пласман на возачи со 186 бода, пред Вебер и Батон со по 109 и Хамилтон кој има 97. Задоволен беше и Фернандо Алонсо, кој на “домашната” стаза обезбеди место на подиумот и при тоа стигна до петтото место во генералниот пласман со 87 бода.