Фидел Кастро ќе живее 140 години

26 мај, 20110
sve-kastro
Таткото на кубанската револуција, Фидел Кастро, кој во август ќе го слави својот 85-ти роденден, би можел да живее 140 години, рекол вчера неговиот поранешен доктор, Евгени Селман Хусеин.
Фидел Кастро и покрај здравствените проблеми заради кои во 2006 година се повлече од политиката “ќе живее 140 години“, рекол Селман Хусеин кој долго време бил главен на лекарскиот тим на Кастро.
Селман Хусеин вчера ја отвори меѓународната конференција на стогодишници во Хавана. На Куба живеат 1.551 стогодишници што е светски рекорд во однос на бројот на жители.
“За луѓето да живеат 120 години мора да бидат мотивирани да се хранат здраво, да престанат да пушат и да бидат физички активни“, рекол 81-годишниот доктор кој тврди дека Куба е идеално место за тоа затоа што има “влада која својот народ го става на прво место“.
Кубанците имаат бесплатно здравствено осигурување, но со просечна месечна плата од 15 евра тешко дека можат да си дозволат здрава храна, каква што препорачува Селман Хусеин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi