Новата Opel Zafira

26 мај, 20110
o

На приложените слики можете да  ја погледнете новата Opel Zafira Tourer. Се прашувате која е разликата во името? Одговорот е многу едноставен. Треба да направиме ралика помеѓу новиот модел и досегашните модели на Zafira кои уште некое време ќе останат на пазарот и ќе се продаваат паралелно со новиот модел, кој може да го очекуваме во другата половина од оваа година.

Произведувачот тврди дека овој автомобил ќе ги подигне стандардите во овој сегмент, ако зборуваме за дизајнот, флексибилноста и иновативноста. Zafira Tourer ќе ги надмине автомобилите од овој тип како Ford S-Max и останатите конкуренти.  Внатрешниот ентериер Flex7 овозможува брза и едноставна трансформација на третиот ред седишта, кои имаат механизам да се спуштаат и подигаат. Вториот ред седишта се поделени на три посебни, индивидуално прилагодени седишта. Средното седиште може да се склопи во потпирач за раце, а страничните може да се поместуваат.

Новата Zafira ќе работи со 2,0-литарски CDTi дизел мотор, со јачина од 110, 130 и 170 KS, турбобензински 1,4 и атмосферки 1,8 и двата со снага од 140 KS. Овие мотори ќе бидат споени со рачен менувач со 6 брзини ( со исклучок на 1.8 кој ке има рачен менувач со 5 брзини), а доплнителната опрема ќе вклучува автоматски менувач со 6 брзини. Исто така на одредени модели ќе биде достапен стоп-старт системот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi