Филм кој може да се помириса

26 јуни, 20110
Spy Kids 4

Новиот филм за деца “ Spy Kids “ во кој игра и Џесика Алба, веќе е пуштен во кино салите во Америка. Но, режисерот на филмот Роберт Родригез дошол до една идеја со која им овозможува на своите фанови, не само да го гледаат филмот туку и да го помирисаат.

Сега сите прават 3Д филмови, па помислив дека јас треба да направам нешто поразлично, и да ја однесам публиката во четврта димензија, објаснил Родригез.

Со секоја купена карта за во кино, публиката добива и една картичка со бројче. Пред да започне филмот, на големото платно се појавуваат бројки, секој кој го има тој број на екранот на својата картичка, треба да ја протрие. Од неа ќе се ослободи некаков мирис. Морам да кажам дека има и не толку пријатни мириси, во филмот се појавува бебе шпиун и куче шпиун, па сега видете во која насока одат работите, изјавил Родригез.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi