Филмско разбојништво во Прилеп

19 јуни, 20110
mvr-stip-policija
Разбојник од Прилеп изрежирал цел напад на старица. Прво се појавил со букет цвеќе на нејзината врата, за потоа да ја нападне и ограби.
Вчера попладне сторителот ја пречекал 72- годишната старица пред влезната врата од куќата со букет цвеќе во рацете.
Истиот и рекол дека букетот и го праќа постар господин и откако истата почнала да го распрашува, сторителот и побарал чаша вода, по што влегле во куќата. Во тој момент на рацете ставил ракавици, а на главата црна маска, по што и ги врзал рацете со крпа, а устата со леплива лента.
Б.Х.  успеала да ги одврзе рацете и да влезе во кујната, од каде побарала помош од соседите, по што сторителот од нејзината чанта одзел 800 евра и со претходно одземениот накит и часовник кои старицата ги носела на себе, го напуштил лице местото оддалечувајќи се во непознат правец, земајќи го со себе и кујнскиот нож со кој и се заканувал.
Полицијата извршила увид на лице место и во тек се  мерки за пронаоѓање на сторителот.
Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort - Korsan taksi -

https://finandearth.com/