Фино си живее и без скршена пара :)

12 август, 20110
fino-se-zivee-bez-pari

Хајдимари Швермер веќе со години живее без било какви финансиски примања, а згора на тоа нема никаква заштеда. Оваа германка која во “претходниот” живот била професорка во гимназија престанала да верува во моќта на парите и на светот дрско му покажа дека се може и без нив. Таа тврди дека никогаш не би се вратила на стариот начин на живот, од проста причина што работата и била премногу стресна и ѝ предизвикувала бројни здравствени проблеми.

“Сфатив дека на некој чуден начин сè што ми треба си доаѓа во мои раце”.

Хајдимари живее по принцип трампа. На пример, сервисот  чаши што ги има, ги добила како возврат за една сеанса разговор со некојси човек. Така и си живее, а овој живот го започнала после разводот, а тоа и бил доста несреќен период. Вели дека сака да ги поттикне и другите да размислат за ваква промена, а кога сфатила дека не е единствена која води ваков алтернативен начин на живот била особено изненадена.

Оваа средовечна жена живее во куќа во Вилхемшавен, Германија, а по потреба и чисти и чува. Сакајќи своите замисли да ги пренесе на другите ја основала групата “Земи и дај”, која во почетокот не била разбрана и добро прифатена. Првично сакала да им помогне на бездомниците, но за нив таа е само уште еден преварант. Во центарот кој го отворила се разменуваат секакви добра и услуги, а со тек на време доаѓаат сè повеќе и повеќе луѓе. Има напишано и книга со назив “Das Sterntalerexperiment – mein Leben ohne Geld” во која ги опишува своите досегашни искуства.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit