
Американскиот голфер Тајгер Вудс е најдобро платен спортис на светот во последната година дена со заработувачка од 75 милиони долари, објавил американскиот часопис “Форбс”.
Втор најплатен спортист на светот е американскиот НБА кошаркар, Коби Брајант со 53 милиони, не говиот колега и сонародник, ЛеБрон Џејмс со заработувачка од 48 ,илиоми долари годишно е на третото место.
Најбогат спортист во Европа е швајцарскиот тенисер Рожер Федерер, кој на листата на “Форбс” го завзема 4. место со заработувачка од 47 милиони долари.
Петти е американскиот голфер Фил Микелсон (46,5), а следат англискиот фудбалер Дејвид Бекам (40), португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо (38), американскиот безбол играч Алекс Родригес (35), германскиот возач на Формула 1 Михаел Шумахер (34) и аргентинскиот фудбалер Лионел Меси (32,3).
Извор: Нетпрес