Шекил најавил повлекување

2 јуни, 20110
shaq8

Шекил О’Нил соопшти дека ја завршув а кариерата. Центарот на Бостон преку “Твитер” рекол дека по 19 години става точка на играчката кошаркарска кариера, иако се веруваше дека ќе одигра уште една сезона за Селтикси.

39-годишниот О’Нил освои четири шампионски прстени од кои три со Лос Анџелес Лејкерс, а еден со Мајами, три пати беше најкорисен играч на финалната серија, а еднаш МВП на лигата. Шекил кариерата ја започна во редовите на Орландо од каде се пресели во Лејкерси. Следеше преселба во Мајами, а потоа епизода во Феникс, Кливленд и Бостон.

Шекил О’Нил со заработка од околу 300 милиони долари од договори и уште дваесетина милиони од спонзорски договори беше еден од најплатените спортисти на денешницата.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *