Првата дама на Америка за турнејата низ Европа на која го придружува својот сопруг, американскиот претседател Барак Обама, за патувањето спакувала голем куфер.
Мишел Обама својот моден стил од Америка го пренесе во Европа, па по неформалната средба со принцот Вилијам и војвотката Кетрин Мидлтон на свечената вечера која кралицата Елизабета ја приреди за брачниот пар Обама, Мишел излезе во своето најатрактивно издание било кога.
Прекрасната црна тоалета која ги откриваше нејзините раменици и деколтето, таа ја украси со дијамантски ѓердан и бразлетна, за кои не е познато дали се од нејзината лична колекција или пак се можеби позајмени.
Мишел уште еднаш покажа дека озборувањата дека таа отстапува од дипломатскиот стил на облекување не загрижуваат, туку даваат до знаење дека таа знае да го одбере најдоброто од американската висока мода на која таа е верна иако попушти пред генијалноста на големиот дизајнер Александар МекКвин.