Младиќ го чека ќелија од 15 квадрати во Шевенинген

28 мај, 20110
ratko20mladic133
Ратко Младиќ по окончување на екстрадиционата постапка ќе биде сместен во една ќелија во притворската единица во Шевенинген, каде ќе има режим сличен на останатите притвореници, пишува “Танјуг“, пренесува НетПрес.
Ќелијата од 15 метри квадратни ќе биде опремена со кревет, работна маса, плакар за гардероба, полици и лавабо. Затворениците имаат и на располагање телевизор и интернет врска така да може да користат свој компјутер.
Притвореникот поголемиот дел од денот го поминува во ќелијата, но во текот на денот имаат можност и да седат во заедничките простории, каде се сретнуваат затворениците од сите затворски крила.
Заедничките простории вклучуваат терен за физички активности, помала теретана и некој вид на кујна во која може заеднички да ручаат. Покрај ова, во заедничките простории има и ординација, сала за работа опремена со компјутери и библиотека.
Хашкиот трибунал “не прави сегргација по национална, верска или друга припадност“, така да во заедничките простории ќе се сретнуваат притвореници од поранешна Југославија.
Медиумите своевремено пишувале за тоа дека Анте Готовина и Радован Караџиќ се наоѓаат во истото крило или дека Милошевиќ сакал со своите колеги затвореници да организира прослави за православни празници.
Внесување на храна од надвор не е дозволено, но е дозволено користење на лична гардероба и предмети кои не може да ја загрозат безбедноста на притворениците.
Семејствата и оние кои сакаат да го посетат притвореникот мора да поднесат барање до секретаријатот, а посетите се надгледуваат, но по правило не се снимаат.
Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi