Барселона не штеди на премии
28 мај, 20110
Управата на Барселона соопштила дека фудбалерите на овој тим во случај да победат во финалето од Лигата на Шампионите, во кое во сабота играат против Манчестер Јунајтед, на име премии ќе добијат 17,5 милиони евра одноно секој играч околу 750 илјади евра.
На другата страна беа малку поскржави па фудбалерите на Манчестер Јунајтед, секој посебно, ќе инкасираат околу 400 илјади евра доколку триумфираат на “Вембли”.