ФОТО: Објавени фотографии од тројца од убиените во акцијата за ликвидација на Бин Ладен

5 мај, 20110
gty_osama_bin_laden_nt_110504_wg
Новинската агенција “Ројтерс“, доцна синоќа објави фотографии од тројца мажи, кои загинале во акцијата на американските армиски специјалци за ликвидација на водачот на Ал Каеда, Осама бин Ладен.

“Ројтерс“ фотографиите ги купил од пакистански безбедносен офицер, кој инсистирал на анонимност. Фотографиите биле снимени непосредно откако американските специјалци завршиле со акцијата и си заминале. “Ројтерс“ напоменува дека е “убеден во нивната автентичност“.

Според непотврдени информации се претпоставува дека станува збор за синот на Бин Ладен, Хамзи, за курирот и братот на курирот, иако засега не се знае кој е кој на фотографиите.

Сега останува американските власти во јавноста да објават фотографии уште од мртвиот лидер на Ал Каеда. Вчеравечер претседателот на САД изјави дека било одлучено да не се публикуваат фотографии од мртвиот Бин Ладен, бидејќи тоа не би било во интерес на државата.

Американските медиуми, повикувајќи се на анонимни извори во Белата куќа, објавуваат дека на ваквата одлука најмногу врз Обама влијаела државниот секретар Хилари Клинтон.

Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *