Франција ги снабдува Либијците со оружје, Британија негодува

30 јуни, 20110
110301_ajdabiyah.grid-8x2

Портпаролот на Генералштабот на француската војска Тјери Биркард ја потврдил информацијата дека француски авиони започнале со помош на падобранци да ги снабдуваат либиските бунтовници со лесно вооружување.

“Хуманитарната ситуација во југоисточниот дел на Триполи на почетокот на јуни беше многу тешка. Започнавме со падобранци да го снабдуваме населението со хуманитарна помош, намирници, вода и лекови“, рекол Биркард.

Според неговите зборови, во тој период ситуацијата со либиските цивили се влошила.

“Тогаш почнавме да ги снабдуваме со оружје, за да може да се бранат“, рекол тој, додавајќи дека станува збор за лесен тип на вооружување кој цивилите може да го користат.

Одлуката на француската војска наишла на негодување од Велика Британија.

“Велика Британија не планира со оружје да ја снабдува либиската опозиција. Тоа не би требало да го правиме“, рекол  Џералд Ховарт, претставник од британското министерство за одбрана.

Претседателот на комисијата на Афрканската унија Жан Пинг рекол дека оружјето со кое се снабдува либиската опозиција “ќе се користи за киднапери“.

Еден дипломат на Обединетите нации рекол дека резолуцијата на ОН во Либија не им забранува на цивилите со цел да се заштитат да користат оружје.

Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг потврдил дека легитимниот претставник на лбиските бунтовници, Националниот преоден совет ги примил првите 100 милиони долари помош.

Воената интервенција во Либија започнала на 19 март под водство на Франција, Велика Британија и САД, НАТО на 31 март ја презела командата со операциите.

Извор: Нетпресс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit