Еден Французин, кој во 1996 година, добил на лото, денешни 2,8 милиони евра, во вторникот презел чек на повеќе од три милиони евра кои ги добил на извлекување на 27-ми јули годинава!
“Јас сум роден под среќна ѕвезда”, изјави анонимниот победник во еден телефонски разговор за Франс прес, додавајќи дека од 1976 година, секогаш ги игра истите броеви.
Французинот е стар околу 50-тина години, изјавил дека првата добивка ја имал во април 1996 година, и изнесувала денешни 2,8 милиони евра, кои ги инвестирал во бизнис, додека со другата добивка ќе им обезбеди сигурна иднина на неговите деца.