Французите постепено го губат интересот за својот водечки национален напиток – виното, што докажува и фактот дека за две генерации. поторшувачката во Франција е смалена за три милијарди шишиња, што одговара по едно шише неделно кај возрасен жител, пишува Телеграф, повикувајќи се на извештајот на истражувачкиот центар ESC Pau” и Универзитетот од Тулуз.
Виното редовно го пијат само 16% од жителите на Франција е заклучокот на извештајот. Додека порано виното традиционално се консумирало за време на оброците, сега се почесто се служи во баровите и клубовите.
Младите французи немаат силна желба да ја оддржат националната култура и се почесто предност им даваат на други алкохолни напитоци, пред се на коктелите.
Без разлика на постепениот губиток на популарноста на пијалокот на боговите, французите и понатаму остануваат најголеми потрошувачи. Минатогодишната потрошувачка на вино во Франција била на ниво од 29,4 милиони хектолитри, според податоците на Меѓународната организација на лозја и вино (OIV). Во споредба со Шпанија која во 2010 година се испило 10,6 хектолитри вино, во ПОртугалија 4,4 милиони, а Грците 3 милиони хектолитри.