Пред неколку дена италијанските медиуми пишуваа за можното враќање на 61-годишниот Марчело Липи во Јувентус, клубот на кој му донесе многу успеси во минатото…
Самиот Липи многу брзо ги демантираше таквите шпекулации, најавувајќи дека тренерски може да се реактивира во некој клуб надвор од границите на Италија. Потсетуваме, Липи последниот ангажман го имаше на клупата на селекцијата на Италија на Мундијалот ов Јужна Африка Минатата година.
“Франс Фудбал”, пак, извести дека управата на актуелниот првак на Франција, Марсеј, веќе стапила во контакт со Липи и дека тој би можел во текот на летото да го наследи Дидие Дешамп. Наводно се заладиле односите меѓу Дешамп и управата на Марсеј, па поради тоа би можело да дојде и до ставање крај на соработката.
Марсеј моментално се бори да ја одбрани титулата во Ле Шампионат, и е на второто место зад водечкиот Лил со 4 бода помалку.
Извор: Нетпрес