Додека познатиот англиски фудбалер бил со својата сопруга на лекар, крадците ја обиле неговата куќа и украле накит, часовник и лаптоп.
Непознат крадец минатиот викенд ја обил куќата на англискиот фудбалер Питер Крауч и земал скапоцености во вредност од 120.000 фунти.
Крадците го искористиле моментот кога куќата била празна, а фудбалерот во тоа време заедно со својата сопруга бил на лекар поради поблага форма на грип.
Инцидентот се случил по натпреварот во Премиер лигата меѓу Вулверхемптон и Стоук Сити (1:2), каде Крауч кој игра за Стоук, беше стрелец на одлучувачкиот гол.
Ова не е прв пат да се обиваат куќите на познатите фудбалери, досега жртви на грабежи биле и Стивен Џерард, Дирк Кајт, Емили Хески, Роке Санта Круз и други.