Чудната мода од секогаш постои, но мора да признаеме дека ексцентричната Лејди Гага некако им даде храброст на многу дизајнери да продолжат да дизајнираат гардероба која е во нејзин стил.
Британската дизајнерка Анет Кереј дизајнираше фустан кој е помалку необичен, но таа вели дека тој може да се носи. Фустанот е направен од 1.200 пенкала и на него има прикачено 2.000 кристали. Фустанот е тежок 2,5 килограми, а е изработен за 640 часа. Цената на овој фустан изнесува 16.000 долари.