Модната дизајнерка Анке Домаске направи чудесна колекција од уште по чуден материјал. Таа произведе материјал направен од кравјо млеко. Овој материјал е мек и пријатен, нешто налик свила, а е многу поевтин.
Во млекото има една состојка која е важна за човековото здравје, но од неа исто така може да се направи материјал, изјавила Анке.
Влакната на мелкото се алтернатива на памукот. Тоа се протеиснки влакна кои се создадени природно, без пестициди и хемикалии. Еден фустан од кравјо млеко чини од 150 до 200 евра. Заради големиот интерес, Анке планира и колекција за мажи.
Еден од нејзините потрошувачи е актерката Миша Бартон.