Гадафи е подготвен да ја повлече својата војска

popara21 мај, 20111min00
Gaddafi-seated-with-flower2
Либиските власти се подготвени да го прифатат рускиот предлог околу повлекување на војската од градовите, потврдил портпаролот на владата Муса Ибрахим, пишува “Танјуг“, пренесува НетПрес.
На конференција за новинари, Ибрахим истакнал дека во разговор со руски претставници, либиската влада понудила повлекување на војска од градовите, како дел од мировниот договор, доколку тоа го направат бунтовниците.
“Ние сме подготвени да одиме толку далеку да ја повлечеме нашата војска од сите либиски градови и населени места, тоа е нашата нова понуда“, рекол Ибрахим.
Тој додал дека оваа понуда која претставува најголемо отстапување на владата од почетокот на конфликтот со бунтовниците. Но, од друга страна тој рекол дека НАТО ќе мора да ги прекине воздушните напади врз цели во Либија.
За сега нема било какви коментари од страна на лидерот на бунтовниците кои се наоѓаат во Бенгази. Бунтовниците претходно ја одбиле понудата, охрабрени од интервенцијата на НАТО, која им помогнала да ги заземат битните делови на земјата, и како што истакнале, затоа што не му веруваат на режимот на Гадафи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag