Либискиот лидер Моамер Гадафи предупреди дека “илјадници Либијци ќе бидат убиени“, ако Соединетите американски држави или НАТО се вмешаат во ситуацијата во Џамахиријата, јави АФП, пренесува Нетпрес.
Претходно денеска, и иранскиот претседател Махмуд Ахмаднеџад, изјави дека ако Западот воено интервенира во било која од земјите од арапскиот свет, тогаш народот од овој регион ќе се крене и “ќе им ги ископа гробовите на западните војници“.
Извор: Нетпрес