Кина ќе обучува 10.000 “крилести’ војници

9 март, 20110
pigeons

Кинеската армија реши да обучува 10.000 гулаби гласници, во случај на крах на системите за масовна комуникација. Кинеската телевизија CCTV, соопшти дека Народната ослободителна армија ќе регрутира “крилести“ војници. Крилестата армија би можела да послужи како битно оружје, во случај на прекин на комуникациските системи и ќе помогне да се пратат пораки од витално значење. Гулабите војници исто така ќе бидат испратени на воени мисии меѓу граничните сили. За CCTV, експертот за воздушни сили Чен Хонг изјавил дека, “во модерното војување, гулабот гласник е неопходен“. Чен Чунтао, кој е офицер на крилестите сили, кажал дека птиците се најпрактична и најефективна алатка, на кратки и средни далечини, како средство за комуникација , ако постојат електромагнетни пречки и колапси во системите за комуникација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *