Нови, повисоки цени на нафтата

9 март, 20110
stock_market_crash
Борбите во Либија ја зголемија и денеска цената на нафтата на светските берзи, јавува “Асошиејтед Прес“, пренесува Нетпрес. Производството на нафта во Џамахиријата досега опадна за најмалку еден милион барели дневно. Пред крвавите настани против режимот на Моамер Гадафи, оваа северноафриканска земја произведуваше околу 1,6 милиони барели нафта дневно, а сега само околу 600.000.
Лесната нафта, за испорака во април, годинава, денеска на лондонската берза поскапела за 1,69 американски долари, и сега нејзината цена е 106,11 долари за барел, што е највисока, сметајќи од септември, 2008 година. На денешното тргување во Лондон, поскапела и нафтата од типот Брент, од Северното море, и тоа за 1,23 долари, и сега се продава по цена од 117,20 долари за еден барел.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi