Британскиот моден дизајнер и поранешен директор на модната куќа Диор, Џон Галијано денеска пред судот во Париз, се појави заради обивинувањата и навредите со расистичка и антисемитска содржина, а изјавил дека не се сеќава на ништо поради своите зависности.
Тој рекол дека не се сеќава на ништо во врска со тој настан поради своите зависности од алкохол, барбитурати и апчиња за спиење, пренесува АР.
Тужителот не бара затворска казна за Галијано, а наместо тоа барала да му биде изречена парична казна од 10.000 евра.
Пресудата треба да се донесе на 8 септември. Три лица го обвинија креаторот за антисемистички навреди, а тој иако се извини јавно, сепак доби отказ од компанијата Диор поради овој скандал.