Фудбалската супер звезда во подем, Паоло Енрике Ганзо моментално играч на Сантос и на бразилската фудбалска репрезентација, изјави дека посакува да се пресели во редовите на италијснакиот шампион на почетокот на следната година.
“Сон ми е да ја победам Барселона предводена од Меси на Клубското светско првенство, а потоа да заиграм за Милан на почетокот на 2012-та година” изјави Бразилецот за “Газета дело Спорт”.
Миланезите го следеа Ганзо во последните шест месеци, но повредата на Бразилецот ги ‘олади’ првите луѓе на Милан. Италијанскиот шампион своето засилување за новата сезона кое го крие под името ‘Мистер Х’, го опишаа како класичен левокрилен играч од средината, а не полушпиц како што е тоа Ганзо. Па сега останува прашањето дали тој трансфер ќе се реализира во јануари следната година.
Извор: Нетпрес