Најдобро облечените жени во светот – десети дел

24 јуни, 20110
naslovna

5. Alexa Chung – таа е англиска телевизиска презентерка, модел и заменик уредник на англиското издание на магазинот за мода Vogue. Со таа функција оваа девојка не смее да си дозволи да не се облекува модерно и урбано. Секогаш е своја и уникатна, никогаш нема да ја видите во исто облечена, а парчињата накит ги комбинира како никој друг.

4. Dannii Minogue – иако за многумина таа можеби и не требаше да се најде на оваа листа, очигледно нејзиниот стил на облекување е добар според критичарите и јавноста. За разлика од својата сестра која секогаш е иновативна во секој поглед, оваа девојка сака да се држи до едноставноста и елегенацијата. За разлика од минатата година се искачи за две места погоре.

3. Kristen Stewart – американската акерка која славата ја стекна во изминатите неколку години низ продолжението на сагата за вампирска љубов, во улогата на Бела. Никогаш не сака да е роб на модата, па така на многу црвени килими се има појавно во фармерки и маица. Иако има добар избор на тоалети за одредени настани. Едноставно таа сака да се облака како што се чуствува.

2. Cheryl Cole – минатогодишната лидерка во оваа листа на најубаво облечени жени овој пат падна за само едно место, што и не е толку страшно по нејзината појава на Канскиот филмски фестивал каде таа блесна. Англиската пејачка, подоцна и во жири комисијата на едно талент шоу има неверојатен стил кога станува збор гардеробата. Секогаш изненадува и прекрасно изгледа.

1. Emma Watson – 21 годишната актерка која со улогата во филмските серијали на Хари Потер заработи повеќе од 10 милиони долари богатство, оваа година е на првото место на најубаво облечените жени во светот. Англичанката која е родена во Париз, кратко време има работено и како модел.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma