Генерален штрајк во Грција

15 јуни, 20110
1.1261463457.corinth
Генерален штрајк денеска ќе се одржи во Грција, додека истовремено грчкиот парламент треба да ги разгледува новите планови на владата за кратење на јавните расходи на земјата, јавуваат грчките медиуми, пренесува Нетпрес.
Организаторите на протестите објавија дека демонстрантите ќе ја опколат зградата на парламентот и нема да дозволат пратениците да влезат.
За да добие нова финансиска помош од Евроспката Унија, премиерот Јорго Папандреу треба да реализира петгодишен економски план, кој предвидува скратување на јавните расходи и зголемување на даноците.
Вчера, агенцијата “Standard & Poor’s“ го намали кредитниот рејтинг на Грција на најниско можно ниво.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi