Генералниот менаџер на Цитроен, Frederic Banzet вели дека серијата “DS3” постигнала поголем успех од очекуваниот.

1 април, 20110
ds

Тој вели дека новиот спортски автомобил “Citroen DS3 Sporty” се продава подобро отколку што се очекувало и e во поход во освојување на нови купувачи ширум светот.
Од своето лансирање пред 12 месеци, линијата “DS3”, која е спортска верзија на моделот “C3”, досега од него се продадени 80.000 единици, во споредба со 300.000 за целиот опсег на “C3”, Banzet изјавил дека тоа е голем успех за Цитроен.
Тој рекол дека “DS3” има многу висока стапка на освојување, дури 56 отсто од неговите купувачи биле нови корисници на францускиот бренд.
“DS3” е првиот модел на линијата Citroen “DS”, но Цитроен во Мај планира да лансира и “DS4”, врз основа на моделот “C4”, по што ќе следи и “DS5”, врз основа на “C5”, кој ќе се појави на почетокот од следната година.
Banzet рекол дека линијата “DS” е наменета за помалку конвенционални возачи кои сакаат повеќе емоции, повеќе енергија, подобар квалитет. “DS4” и “DS5″ дополнително ќе го зголемат тој тренд”,

Цитроен, има во план да лансира и линија DS9, која би се натпреварувала со познатите германските луксузни брендови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *