Георгиевски: Државните функционери се зафркаваат со интелегенцијата на овој народ

popara12 мај, 20111min00
o
Проблемот со името се повеќе е предмет на манипулација со јавноста и следната Влада треба да добие мандат да го затвори ова прашање смета почесниот претседател на ВМРО-НП , Љубчо Георгиевски.
На денешната средба меѓу Георгиевски , лидерот на партијата Марјан Додовски и амбасадорот на САД во Македонија Филип Рикер, станало збор и за претстојните предвремени парламентарни избори.
“Не можам да не ја прокоментирам завчерашната изјава на господинот Иванов дадена во Женева. Тој буквално во една реченица кажа дека тој е против географска додавка на името Република Македонија, меѓутоа во истата реченица уште еднаш потврди дека Република Македонија дала согласност за Република Македонија (Скопје), на што јас веќе навистина не знам што да кажам. Ѓорге Иванов како претседател е против географска додавка, меѓутоа не му пречи топонимска додавка. Треба некој да му објасни дека топографијата е дел од географијата, така што навистина не знам дали државните функционери се зафркаваат со Република Македонија и со интелигенцијата на овој народ. Така што, навистина сметам дека името станува се повеќе предмет на манипулација и ние стоиме цврсто на позиција дека овие избори треба да дадат политичко решение на тој проблем“, изјави Геогриевски.

Извор: Нетпрес

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma