Кривооката Хајди која беше пронајдена во САД заедно со својата сестра беше однесена во Зоолошката градина во Лајпциг, Германија. Сега Хајди е заменичката на Пол. На неа и беше дадена задача да ги предвиди победниците за овогодишниот Оскар.
Хајди предвиде дека оваа година наградата за најдобра женска главна улога ќе ја добие Натали Портман. Иако таа се двоумеше помеѓу Никол Кидман и Џенифер Лоренс сепак на крајот со својата шепа ја допре статуетката на која беше закачена слика од Натали Портман. Сликите од актерките кои беа закачени на статуетките беа направени така што малку наликуваа на Хајди, барем во погледот.
http://www.youtube.com/watch?v=IDzAW4s7csE&feature=player_embedded