Германија се повлече од воената операција во Либија

popara23 март, 20111min00
1
Германија одлучила да сe повлече од воените дејствија во Либија, откако ангажман во нападот врз Џамахиријата доби и НАТО, објави германската новинска агенција ДПА, повикувајќи се на соопштение на министерството за одбрана, пренесува Нетпрес.
Портпаролот на германското министерство за одбрана, потврдил дека две фрегати и два други воени брода, со екипаж од околу 550 војници, ќе се вратат под команда на армијата на Германија. Исто така, повелечени ќе бидат и околу 70 германски војници, кои учествуваат во операциите на НАТО за воздушен надзор на Медитеранот.
“Бидејќи една од компонентите на ембаргото за оружје предвидува употреба на сила, ако тоа биде неопходно, Германија одлучи дека не сака да биде дел од таква ација“, соопштил портпаролот на германското МО.
Инаку, Германија беше една од петте држави, кои на гласањето за воена кација во Либија во Советот за безбедност беа воздржани.

Извор: Нетпрес

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag