Германско-Kинеска измама со монети на еврото тешка 20 милиони евра

31 март, 20110
euro_foto

Германската полиција привела шест лица, а дел од нив биле веднаш притворени, под сомнение дека заработиле најмалку 20 милиони евра со измама и фалсификување на монети на еврото, пишува германскиот весник “Билд“, пренесува Нетпрес.
Секоја година германската Бундесбанка од промет повелкувала по неколку тони оштетени кованици на еврото. Тие монети потоа се уништувале и тоа така што се одделувала легурата од бакар со никел од прстенот на парите, кој пак е од месинг.

Тој отпад го откупувала криминална банда и го транспортирала во Кина, каде деловите од монетите повторно биле составувани. За безбеден транспорт биле поткупувани стјуардеси на авио-компанијата “Луфтханза“. Тие во Кина го носеле отпадот, а оттаму се враќале со полни торби кованици, кои ги заменувале за банкноти во банка во Франкфурт. За да нема сомнежи дека се прави криминал секој испорака била помала од 10.000 евра, па поради сумата нема потреба да се пријавува на царината.

Случајот почнал да се разоткрива кога на почетокот на 2010 година, на цариник му станала сомнителна една стјуардеса, која носела тешка рачна торба. Веднаш ја повикал на проверка и во торбата нашол илјадници кованици во апоени од по 1 и 2 евра.
Германските истражни органи се сомневаат дека во целиот кирминален синџир се инволвирани најмалку 25 лица.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi