Гинисовите рекорди на Хари Потер

28 октомври, 20110
Harry_Potter

Еден од најголемите блокбастери на сите времиња, серијалот филмови за младиот волшебник Хари Потер, освен што ги урна рекордите на киносалите низ светот, се здоби и со неколку гинисови рекорди. Погледнете ја неверојатната листа на рекорди поврзани со овој филм:

Највисок годишен приход за авторката на романите Ј. К. Роулинг: Трансформација на Роулинг од сиромашни самохрана мајка на во најдобро продаван автор кој стана милијардер е навистина инспиративна. Според Гинис, Роулинг годишно инкасира по 300 милиони долари за своите книги.

Најголемата нарачка на хартија за печатење: Според Forest Stewardship Council, за печатење на последната книга за Хари Потер биле потребни 16,700 тони на хартија.

Најбрза продажба на книга во првите 24 часа: Хари Потер и Реликвиите на смртта, седмиот – и конечниот – роман во серијата, беше продаден во 8,3 милиони копии во првите 24 часа (или 345,833 книги на час).

Прв автор кој стана милијардер: Освен фактот дека Роулинг е една од само петте жени милијадери во светот, таа е првиот автор кој успеал да заработи милијада од своите дела.

Највисока бруто заработувачка за еден серијал: Со осмиот и последен филм кој својата премиера ја доживеа ова лето, серијалот за Хари Потер заработи повеќе од 6.30 милијарди долари, што го прави најуспешен филмски серијал на сите времиња.

Највисок почетен тираж: Хари Потер и Реликвиите на смртта започна да се печати со првичен тираж од 12 милиони примероци, што претставува најгоем почетен тираж на сите времиња.

Највисока заработувачка на премиреа: Хари Потер и Полукрвниот Принц го држи рекордот за највисока заработувачка во светот; само во првиот викенд од прикажувањето заработи 394 милиони долари.

Актер со најголема заработувачка на деценијата – Даниел Редклиф: На актерот му беа исплатени неверојатни 558 милиони долари по филм.

Најголем резервоар за подводни ефекти: Специјално за потребите на филмот, беше изграден најголем резервоар за подводни ефекти во Leavesden Studios во близина на Ватфорд во Велика Британија. Тој е длабок 6 метри и е широк 20 х 20 метри, а собира  2.273.046 литри вода.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi