За време на сушната сезона, кога Замбези реката има најнизок водостој, на нејзините Викториини водопади се формира природен базен кој е на самиот раб на водопадот. Пливањето во него и фактот дека ве дели само милиметар од провалија висока 100м е доживување во кое особено уживаат зависници од адреналин.